Рацете ни се обвиткуваат,очите ни се впиваат-така започнува повеста на нашите срца.
Ноќ во март,грее месечина,ветерот носи сладок мирис од храна,мојата шупелка лежи во тревата зафрлена, а твојот цветен венец е недовршен.
Оваа љубов меѓу тебе и мене е проста како песна.
Твојот превез со боја на шафран ми ги опива очите.
Јасминовиот венец што го исплете за мене ми го исполнува срцето со трпелива благодарност.
Тоа е игра на давање и одречување,откривање и повторно сокривање,малку усмев и сосема малку срамежливост,и по некоја слатка бесцелна кавга.
Оваа љубов меѓу тебе и мене е проста како песна.
Никаква тајна надвор од денешницата,никаква борба околу неможното,никаква сенка над миловидноста,никакво пипање во длабочините на темнината.
Оваа љубов меѓу тебе и мене е проста кко песна.
Ние не лутаме од зборови на вечно молчење,не ги подигаме своите раце во празнината на нештата надвор од надежта.
Задоволни сме со она што го даваме и со она што го добиваме,ние сме ја исцедиле последната капка радост од неа да правиме вино за своите страдања.
Оваа песна меѓу тебе и мене е проста како песна.
Рабиндранат Тагоре
Aj da ti pisam da ne re4is skolskio go nema..huhu:)@@
POzz^_^